СПОРТФУДБАЛ

Спектакл под рефлектори во Битола, Пелистер против Шкендија

Управата на Пелистер го најави претстојниот натпревар од Првата македонска лига против екипата на Шкендија и ги повика сите навивачи да го исполнат стадионот „Петар Милошевски“.

Advertisements

Натпреварот против Шкендија ќе се одигра на 24 ноември, а куриозитет е тоа што ќе се одигра под рефлектори, односно во попладневниот термин од 17:00 часот.

„Зелено-белите“ го најавија натпреварот како „празник на фудбалот“ и очекуваат голема посетеност и огромна поддршка за домашниот тим.

Пелистер во моментов има 16 бода на седмата позиција на табелата, додека Шкендија е лидер со 27 бода, исто колку што имаат екипите на Гостивар и Силекс./Gol.mk/

FOTO: Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button