Нема казни за непочитување на албанскиот јазик
Нема казни за непочитување на албанскиот јазик

Досега ниту една институција и функционер во Северна Македонија не се казнети за непочитување на албанскиот јазик. Ова го потврдува Алсат од податоците обезбедени од Управниот суд, во врска со оформените предмети, мерките и одлуките за непочитување на одредбите од Амандманот V на Уставот и Законот за употреба на јазиците.
Според податоците, од 1 јануари 2020 година до 12 ноември 2024 година, формирани се само три предмети за повреда на одредбите од Законот за употреба на јазиците. За едниот предмет, Судот соопштува дека тужбата е одбиена, додека за другите два не е ни донесена одлука.
„Во предметот УРП бр. 87/22, Судот донесе одлука од 14 февруари 2024 година со кое ја отфрли тужбата, а предметот е во жалбена постапка пред Вишиот управен суд, додека предметите УРП бр. 69/24 и УРП бр. 70/24 се во постапка на одлучување и сè уште не се донесени одлуки“, велат од Управен суд.
Во реалноста Законот за употреба на јазиците има високо ниво на неспроведување, односно прекршување од страна на функционерите и државните институции. Ова го покажуваат извештаите на Инспекторатот за употреба на јазиците. Од јуни 2021 година до јуни 2024 година, инспекторите на овој инспекторат спровеле вкупно 357 инспекции.
Но, од нив, дури и во 246 инспекции или во 70%, констатирани се неправилности, односно непочитување на албанскиот јазик од страна на институциите. И покрај масовниот прекршок, никој не е казнет. Ова е можеби најдобриот показател како институциите и функционерите не го почитуваат албанскиот јазик.
Такво беше креативното толкување на министерот за администрација Горан Минчев за Законот за употреба на јазиците, кој рече дека соопштенијата ќе се испраќаат само на македонски јазик, а албанскиот во соопштенијата ќе се користи по потреба и на барање.
Алсат ги пријави Минчев и неговиот колега Иван Стоилковиќ во Инспекторатот за непочитување на Законот за употреба на јазиците. Сепак, каква ќе биде судбината на случаите на законски прекршувања, можеби да се предвиди со оглед на прелиминарните статистички податоци./Алсат.мк