ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опаѓа интересот за редовна вакцинација на децата во селата на Општина Ликово

Опаѓа интересот за редовна вакцинација на децата во селата на Општина Ликово

Опаѓа интересот за редовна вакцинација на децата во селата на Општина Ликово, особено за МРП вакцината, која е против мали сипаници, рубеола и заушки, и за Ди-те-пер која е против лошата кашлица. Според лекарите, на ова влијаело несоодветното познавање на родителите, кои се информирани од извори на социјалните медиуми кои не се базираат на медицинските науки.

Advertisements

„На регионално ниво имаме намалување на процентот на вакцинација, особено за МРП вакцината која се дава на возраст од 1 година, како и за ревакцинацијата која треба да се даде на возраст од 18 месеци. Активно работиме на тоа да ги повикаме тие деца да дојдат и да се вакцинираат… 10:31 Причините за ова се дека родителите имаат пристап до различни информации без научна основа на социјалните мрежи и тоа се причините што не сакаат да имаат вакцина за своите деца особено за МРП вакцината која ја поврзуваат со процесот на зборување и одење, иако не постои научна основа дека МРП вакцината влијае на говорот или одењето на детето на возраст од 1 година“, рече Фатиме Исмаили Алији, педијатар.

Алсат го посети и Центарот за јавно здравје во Куманово, кој ги покрива општините Кратово и Крива Паланка за да види како се развива имунитетот против сезонскиот грип. Интересот за бесплатна вакцинација против сезонски грип е поголем, додека пак за платена имунизација е помала.

„Голем е интересот за категориите на повозрасната група кои се постари од 65 години, а поголем е интересот на лицата кои боледуваат од хронични заболувања. Сепак, ова не значи дека другите групи на луѓе не се пријавиле за вакцинација. Вкупниот број на вакцини кои ги примивме како Центар за јавно здравје во Куманово е над 3 илјади бесплатни вакцини од Министерството за здравство, додека досега станува збор за над 2700 лица кои се вакцинирани само во Куманово“, рече Херолинд Сакипи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

Лекарите повикуваат сите граѓани кои спаѓаат во категоријата со највисок ризик да го остварат своето право на вакцинација, бидејќи тоа е најдобар начин да се заштитат од можни здравствени компликации./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button