
Англискиот гигант Манчестер Јунајтед пред неколку дена го претстави новиот тренер Рубен Аморим, а синоќа ги потврди петте нови членови на стручниот штаб, кои исто така дојдоа во англискиот клуб од Спортинг Лисабон.
„Карлос Фернандез, Хорхе Витал, Аделио Кандидо, Емануел Феро и Пауло Бареира се преселија од Спортинг во Манчестер Јунајтед заедно со нашиот нов тренер (Рубен Аморим), кој оваа недела почна да работи во Манчестер“, пишува на веб-страницата на англискиот клуб.
Во новиот стручен штаб на Манчестер Јунајтед, Фернандез ќе биде првиот заменик на Аморим, Витал ќе биде тренер на голманите, Феро и Кандидо ќе бидат помошници тренери, додека Бареира ќе биде кондиционен тренер.
Тие ќе им се придружат на постоечките членови на стручниот штаб, помошниците тренери Дарен Флечер и Андреас Георгсон и помошниот тренер на голманите Крег Мосон.
Манчестер Јунајтед му плати вкупно 11 милиони евра на Спортинг за да го доведе Аморим, кој ќе дебитира за една седмица против Испвич. „Ѓаволите“ се на тринаесеттото место на табелата во Премиер лигата со 15 бода.