ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН
Заедничка седница на владите на Македонија и на Косово

Владите на Северна Македонија и на Косово денескa во Приштина ќе одржат заедничка седница.
Според агендата што ја објавија двете влади, по официјалната церемонија и заедничката фотографија, предвидено е пред почетокот на меѓувладината седница, односно од 11:20 часот да се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Косово, Албин Курти, како и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади.
По завршување на меѓувладината седница, ќе се потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области.
Воедно, во 13:45 часот заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.