Мицкоски во Приштина: Ако работиме заедно ќе бидеме посилни

Премиерот на земјава, Христијан Мицкоски, ја изрази задоволство од приемот што денеска во Приштина му го приреди неговиот колега Албин Курти во рамките на заедничката средба меѓу двете земји.
Тој се надева дека „енергијата и убавото време денеска“ ќе бидат нов импулс за уште подобри односи меѓу Северна Македонија и Косово.
„Почитуван, Албин. Ви благодариме за одличниот прием, енергијата и атмосферата што ни ги овозможивте денес овде во Приштина. Се надевам дека оваа убава енергија и убаво време ќе бидат нови импулси за уште подобри односи меѓу двете земји. Честопати се среќаваме надвор од нашите земји и разговараме за ситуацијата во нашите земји. Свесни сме за предизвиците, но ако работиме заедно ќе бидеме посилни“, изјави Мицкоски, додавајќи дека економската соработка ќе биде над половина милијарда евра трговска размена меѓу двете земји.
„На билатералната средба дефиниравме цел оваа година, економската соработка да биде над половина милијарда евра трговска размена меѓу нашите две земји. Во следните години економската соработка ќе биде уште поголема. Убеден сум дека ќе успееме. Меѓувладината средба е доказ и дека двете влади покажуваат дека соработуваат и дека имаме пријателски и блиски односи кои ќе ги унапредиме. Имаме договор во делот на енергетиката, како и регулирањето на прекуграничните премини, граѓаните кои влегуваат и излегуваат од нашите земји да застануваат на еден премин, а не на два и на овој начин нема да има хаос на границата“, рече премиерот Христијан Мицкоски.