ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Мицкоски – Курти: Време е за решавање на економските прашања

Време е да ги решаваме економските прашања, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, по заедничката владина седница во Приштина.

Advertisements

Двајцата премиери и членовите на двете влади разговарале за широк спектар на прашања од заеднички интерес вклучувајќи ја економската соработка, зголемувањето на трговската размена, инфраструктурните проекти и заедничките напори за обезбедување на регионалната стабилност и безбедност, јави известувачот на МИА од Приштина.

Мицкоски оцени дека средбата била исклучително продуктивна, со искрен и отворен дијалог што е од клучно значење за зајакнување на односите меѓу двете земји.

– Убедени сме дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија и во НАТО, рече Мицкоски, потенцирајќи дека граѓаните ги интересира поголем стандард.

Тој кажа дека се договорени конкретни чекори за подобрување на транспортните и енергетските врски што ќе има позитивно влијание на економскиот развој и напредокот на земјите во регионот. Исто така и за младите, образованието и младите.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакнал дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

Косовскиот премиер Курти му се заблагодари на премиерот Мицкоски за волјата за продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството меѓу двете држави во интерес на граѓаните и на регионот.

Владите на Северна Македонија и на Косово денеска во Приштина одржаа заедничка седница по што беа потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. Со седницата претседаваа премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти.

По седницата беа потпишани три документи. Првиот е меморандум за соработка во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, со којшто се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button