СДСМ обвинува дека власта се фали со капиталните проекти започнати во нивниот период
СДСМ обвинува дека власта се фали со капиталните проекти започнати во нивниот период

Собраниската комисија ја продолжи расправата за буџетот, со судири меѓу власта и опозицијата. Од СДСМ ја обвинуваат власта дека продолжува да се фали со проектите иницирани од СДСМ, обвинуваат дека го зголемува јавниот долг и дека на фирмите и општините им доделува помалку средства од ветувањето.
За Владата, предлог-буџетот е најдобрата форма за нејзино ефикасно управување.
ВМРО-ДПМНЕ очекува економски раст од најмалку 3,5% во текот на следната година, додека СДСМ сака да ги реализира ветените капитални инвестиции.
Приходите во буџетот за следната година се очекува да бидат во вредност од 5,8 милијарди евра, што е за 13 отсто повеќе од овогодинешниот буџет. Се очекува трошоците да достигнат 6,5 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е планиран да изнесува 4 отсто, а инфлацијата 2,2 отсто.
Буџетот има 308 амандмани, од кои 204 се од СДСМ, а 57 од Европскиот фронт. Расправата во комисијата треба да трае десет дена./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши