Најавата на Јавното сообраќајно претпријатие дека од денеска ќе работи со полн капацитет ги збуни граѓаните, кои продолжија долго да чекаат автобуси
Најавата на Јавното сообраќајно претпријатие дека од денеска ќе работи со полн капацитет ги збуни граѓаните, кои продолжија долго да чекаат автобуси

Јавниот превоз во главниот град продолжува да функционира вообичаено. Нередот и чекањето автобус и денеска ги загрижи граѓаните.
И покрај најавата на ЈСП дека од денеска ќе работи со полн капацитет, состојбата на терен го кажува спротивното. Граѓаните и понатаму се жалат на долго чекање.
„Има малку автобуси. Каде патувате? До Ѓорче Петров. Од која населба? Од Хасанбег едвај стигнав. Го испратив синот во болница за очите, тој си отиде дома и јас треба да се вратам“, рече еден граѓанин.
Според неофицијални информации, викендов автобусите на јавниот превоз на Скопје останале без гориво и поради тоа Јавното претпријатие не можело да им нуди услуги на граѓаните.
Во меѓувреме, намалениот превоз на приватните превозници се интензивира. Тие продолжуваат да сообраќаат дури по 17 часот поради барањето за зголемување на цената по километар. Од хаосот со јавниот превоз најмногу страдаат учениците и вработените кои користат јавен превоз./Алсат.мк
Авни Тахири