ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на заболени од белодробни заболувања

Се зголемува бројот на заболени од белодробни заболувања

Хроничната опструктивна белодробна болест е се почеста во Македонија, но повеќето граѓани не знаат дека боледуваат од неа, вели д-р Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје. Според него, ако се земат предвид светски статистики, во Македoнија би имало минимум 100.000 заболени лица.Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза

Advertisements

Најчест симптом за белодробни заболувања е кашлањето, додека лекарите велат дека пациентите доаѓаат на преглед во поодмината фаза на болеста.

За подигање на свеста, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза денеска им понуди на граѓаните бесплатни прегледи. Постарите велат дека загадениот воздух им влијае многу лошо.

Лекарите препорачуваат дека првото нешто што треба да го направат пациентите за да спречат хронични белодробни заболувања е да престанат да пушат./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button