ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владите на Македонија и на Косово одржаа заеднички седница во Приштина

Владите на Македонија и на Косово одржаа заеднички седница во Приштина

Владата на Косово го поздрави заедничкиот состанок со Владата на Македонија. Двете земји потпишаа меморандуми во три области. Првиот се однесува на енергетиката, развојот на соработката за размена на електрична енергија, гас и други енергетски потенцијали. Второ, се работи за заедничките гранични премини Блаце и Јажинце, каде движењето ќе се врши по моделот „оне стоп“, односно полициските службеници ќе работат во една зграда и за соработка во областа на образованието.

Advertisements

„Во таа насока се и протоколите и двата меморандуми кои нашите министри ги потпишаа денеска во врска со олеснувањето на слободното движење, соработката во областа на енергетиката и образованието, односно првиот беше протоколот за спроведување на договорот за заеднички гранични премини Хани Елезит – Блаце и Јажинце – Глобочица“, рече Албин Курти – Премиер на Косово.

За време на заедничката прес конференција на двајцата премиери, шефот на косовската Влада беше прашан за судбината на албанскиот јазик во Македонија. Тој рече дека се надева на фер одлука од страна на Уставен. Сепак, важно е да се напомене дека албанскиот никогаш не бил официјален јазик.

„Во Северна Македонија не постои закон за употреба на албанскиот јазик и не постоел во минатото. Постои закон за употреба на јазиците во кој се споменува бројката од 20%, но тоа не е закон за употреба на албанскиот јазик. Тоа е закон за употреба на јазиците. Тоа е првото. Од друга страна, сметам дека сите ние треба да чекаме фер одлука на Уставниот суд таму“, додаде Албин Курти – Премиер на Косово.

Коментирајќи ја загриженоста на ДУИ и Европскиот фронт за албанскиот јазик и политичките настани, шефот на Владата на Северна Македонија Христијан Мицкоски вели дека овие теми се непотребни и се креирани од луѓе кои немаат што да понудат.

Затоа Мицковски ветува подобра иднина.

На средбата меѓу двете влади отсуствуваше вицепремиерот Иван Стоилковиќ. За него, Мицкоски рече дека имал голема желба да биде присутен, но дека не може да биде присутен поради други обврски. Следната средба на Владата на Македонија ќе биде со Владата на Србија на 22 ноември./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button