ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Наутро студено, попладне сончево со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Во Пелагонија во поголем дел од денот ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска. Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 1 Целзиусов степен, а максималната од 7 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата во утринските часови ќе изнесува -4 Целзиусови степени, а во попладневните 12 степени.