СВЕТ
Писториус: Прекин на два оптички комуникациски кабли под Балтичкото Море – саботажа

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичкото Море е резултат на саботажа.
„Никој не верува дека овие кабли се исечени случајно“, рече Писториус во Брисел, додавајќи дека тоа изгледало како саботажа, иако засега нема докази, пренесе Ројтерс.
Пресечен е кабел за пренос на податоци под Балтичкото Море, меѓу Финска и Германија, а се истражува причината за прекинот, соопштија вчера финските власти.