ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д што треба да ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Advertisements

-Откако беше потпишан договорот со „Бехтел и Енка“ пред скоро две години до мојот избор за министер прогресот беше некаде околу 25 проценти, а за овие шест месеци ќе се завршат вкупно 75 проценти што многу зборува за посветеноста. За најтешката делница Гостивар-Букојчани до август беа завршени околу 400 постапки за експропријација од вкупно 1.290 кои треба  да се завршат. Останатите ќе ги завршиме за пет до шест месеци и до крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација во делот на коридорите 8 и 10д со исклучок на делот од коридорот кој зафаќа во делот од заштитената зона на Охридското Езеро, рече Николоски во одговор на прашање

За железничкиот Коридор 10 истакна дека се развива алтернатива од бугарска страна.

-Тоа е линија која има два правци. Треба да оди Вена-Будимпешта-Белград-Ниш-Босилеград, па под Софија и по реката Струма до Солун и втората варијанта од Романија преку Бугарија оди источно клон Истанбул. Тоа се две варијанти на кои Бугарија интензивно работи. Ако ние сме наивни и ако се водиме од приказни кои некој ни ги подметнува, а не од нашиот интерес нема да го развиваме она што е природен тек на Балканот, а тоа е Вардарската долина по која секако треба да оди Коридорот 10 и брзата пруга, рече Николоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button