ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Агелер: Честитки до Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја застапуваа нејзината кандидатура

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО.
„Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменичка-генерален секретар на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша амбасадорката на САД во Скопје на Твитер.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО-алијансата.