Косовскиот премиер Албин Курти во интервјуто за Алсат ги повика сите албански политички партии да не дозволат нивниот гнев да падне на сметка на Албанците
Косовскиот премиер Албин Курти во интервјуто за Алсат ги повика сите албански политички партии да не дозволат нивниот гнев да падне на сметка на Албанците

Без разлика дали ДУИ е на власт или опозиција, оваа партија треба да ги засука ракавите, да ги надмине политичките незадоволства и да се заложи албанскиот јазик во Уставот да не биде признаен како формулација од 20%. Ова го порача премиерот на Република Косово Албин Курти во интервјуто за Алсат. Говорејќи за законот за јазиците и спорните членови, Курти праша зошто после толку години по Охридскиот договор, албанските граѓани не се третирани ниту за банкноти, ниту за униформи, ниту за примена на јазикот на судски седници.
„Овој однос помеѓу власта и опозицијата не треба да биде на сметка на албанската нација или на сметка на вистината и точноста. И не само денес, јас постојано барам да не се прекршуваат правата на Албанците во Северна Македонија, но во исто време не е добро да мислиме дека ни беше рај кога ДУИ беше на власт, а сега е пекол бидејќи ВЛЕН има неколку министерства. Она што треба да направиме е да нагласиме што ни е заедничко. Патот напред е конкуренцијата да не се претвори во непријателско ривалство што ја спречува соработката и заборава што ни е заедничко“, рече Албин Курти – премиер на Косово Албин Курти.
Она што треба да се направи вели Курти, е да се работи за граѓаните, искрено, прифаќајќи ја идејата дека ротациите се здрави за политиката.
„Треба да се бориме со идеи за граѓанство и албанство. Не верувам дека треба да се бориме за фотелји и власт. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста, нека победат овие, но ротациите се неизбежни. Ние сме народ, Албанците каде и да се, имаат идентитет и јазик, но не можеме да имаме една политичка партија. Во ниту една земја каде што живеат и населуваат Албанци на Балканот, не постои само една политичка партија“, додаде Албин Курти – премиер на Косово.
Она што треба да се направи додава Курти, е да се нагласи она што ни е заедничко, а конкуренцијата да не се претвори во непријателско ривалство што ја оневозможува соработката.
Изјавите на премиерот Курти за албанскиот јазик дека тој не е официјален, го револтираше Европскиот фронт кој на средбите со граѓаните ова го нарече дезинформација на Курти./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу