Мицкоски: Секој што не ги прекршил законите и Уставот на Македонија е добредојден
Мицкоски: Секој што не ги прекршил законите и Уставот на Македонија е добредојден

Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека секој граѓанин кој се бара со потерница за воени злосторства во поранешна Југославија, но кој не направил никакви законски прекршувања во Северна Македонија, може слободно да влезе и да помине. Повторно осврнувајќи се на последниот случај со поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, Мицкоски рече дека секоја друга држава се однесува на посебен начин, но гарантира дека од македонска страна тоа е одговорот за постапување во вакви случаи.
Разјаснувањето меѓу таквите случаи, за апсењата на поранешните војници на ОВК, започна од посетата на Курти на 4 август, кој самиот навести дека дотогашната судска пракса го диктираше начинот на кој ќе се постапува поранешните војници на ОВК.
„Ова не ни се случува првпат, тоа ни се случуваше и во минатото и верувам дека пресудите на судовите во Република Северна Македонија од минатото јасно го покажуваат патот по кој ќе чекориме во блиска иднина„, рече Албин Курти, премиер на Косово.
Случајот со Блерим Рамадани не е единствениот. Претходно во 2016 година, друг поранешен војник на ОВК, Гафур Дуголи, беше уапсен и помина 8 дена во притвор. Потоа по редовна постапка е пуштен на слобода со образложение дека не е проблем на Северна Македонија./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу