ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Насилството меѓу децата доведе до загриженост кај возрасните

Насилството меѓу децата доведе до загриженост кај возрасните

Насилството меѓу врсниците се повеќе се зголемува. Во канцеларијата на Народниот правобранител во последната година имало околу 30 претставки, а најголем број од нив се поврзани со физичко насилство. Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамова Мустафа вели дека насилството најмногу е присутно кај основците.

Advertisements

Податоците покажуваат дека насилството меѓу врсниците се користи како средство за покажување моќ од страна на децата, додека жртви се послабите деца или оние кои се поповлечени и оние кои потекнуваат од сиромашни семејства. Не се поштедени ниту децата со посебни потреби. Народниот правобранител бара соработка меѓу институциите за да се подобри состојбата.

Со поддршка на проектот на ЕУ за владеење на правото, Народниот правобранител започна кампања за подигање на свеста, промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство од врсници./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button