ВРЕДИ повика институциите да продолжат со ископувањата и наодите на археолошките локалитети во Струга и околината
ВРЕДИ повика институциите да продолжат со ископувањата и наодите на археолошките локалитети во Струга и околината

ВРЕДИ повика институциите да продолжат со ископувањата и наодите на археолошките локалитети во Струга и околината, потенцирајќи откритието да не се политизира. Од оваа партија велат дека албанските археолози дале свој придонес во овие откритија и дека сето ова е документирано со фотографии и видеа.
„Ова големо археолошко откритие не треба да се политизира. Напротив, релевантните институции треба да обезбедат поддршка за ископите да продолжат и во наредните години. Имало и археолози албанци таму. Почитуваниот г-дин Фитни и професорот Меџаит Положани беа присутни во текот на ископувањата и второ, ги замолуваме релевантните институции да бидат повнимателни, во овој поглед, да издвојат доволен буџет и да ги поддржат сите археолози без оглед на националноста“, рече Салим Сулејмани, ВРЕДИ.
На Албанската владејачка партија не и пречи инволвираноста на контроверзната личност Паско Кузман, во случувањата во Струга.
Дали сметате дека тие (откритија) се во опасност со оглед на тоа што Паско Кузман е дел од тоа и го гледаме во друштво на министерот за култура?
„Не знам дали Паско Кузман беше дел од истражувањето, иако беше присутен. За ова говореше и министерот за култура. За нас тоа не создава никаков проблем бидејќи тој е археолог и сите други прашања припаѓаат на институциите кои се одговорни за ваквите случаи.“
И не ви пречи тоа…
„Воопшто нема да ни пречи. Дали е Паско, дали е Фитни, дали се Хасан, Дестани, Трајко и Петко. Важно е сè што се открива да се истражува и открива со посветеност и транспарентност.“
Присуството на Кузман на локалитетот на епохалните археолошки наоди во Струшко, ја вознемири јавноста токму поради тоа што Кузман е осуден со правосилна пресуда во предмет за кривично дело со артефакти. Во Струга во текот на изминатиот месец беше направено откритието кое археолозите го нарекоа епохално./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши