ВЕСТИСВЕТ

Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија

Лидерите на три групации од т. н. проевропско мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) денеска треба да одржат нова рунда разговори во обид да најдат решение за деблокирање на процесот за избор на новата Европска комисија.

Advertisements

Првите луѓе на трите групи, Манфред Вебер од ЕПП, Ираче Гарсија Перез од СД и Валери Ајер од РЕ се состануваа во текот на целиот вчерашен дена, но сепак на последната средба одржана доцна синоќа на успеаја да постигнат конечен договор.

Застојот во постапката излезе на повидок минатата недела околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија.

Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на сослушувања на секој од нив во вторникот, но трите „проевропски“ партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“.

Покрај, на шесте кандидати за потпретседатели, на одобрување чека и номинацијата на Оливер Вархеји, кој е предложен за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button