МАКЕДОНИЈА
ЦУК: Дел од автобусите на ЈСП по друга траса

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известиле дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А.
ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.