СВЕТ

Ердоган се противи на одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се противи на одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија, бидејќи верува дека тоа дополнително ќе го разгори конфликтот.

Advertisements

Ваквите потези можат да го доведат регионот и светот „на работ на поголема војна“, а Русија и Украина се повикани да покажат воздржаност, изјави Ердоган на новинарите за време на неговото враќање од Бразил, каде што учествуваше на самитот на Г-20, пренесува Sky News.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button