
Џенова го промовира Патрик Виеира за нов тренер на првиот тим. Експресно „грифоните“ одлучија да го заменат Алберто Џилардино. Неговиот наследник е француската легенда со искуство во Премиер лигата и француската Лига 1. Виеира попладнево ќе стави потпис на договор со калчолигашот.
„Џенова објавува дека позицијата на водење на првиот тим му го довери на Патрик Виеира. Новиот тренер ќе го поведе тимот по формализирањето на потписот во клупските простории попладневео“, стои во соопштението.
Во својата тренерска кариера Патрик Виеира ги водеше екипите на Стразбур, Кристал Палас, Ница, Њујорк Сити и резервниот тим на Манчестер Сити.
Виеира имаше и неверојатен играчки пат, блесна во Арсенал, а настапуваше и за великани како Милан, Јувентус и Интер.