СПОРТФУДБАЛ

Димитриевски е најдобриот голман во Лигата на Нации, единствениот примен гол е од пенал!

Согласно сумираните статистички показатели од УЕФА, македонскиот голман Столе Димитриевски е најдобриот чувар на мрежата во завршената Лига на Нации 2024.

Advertisements

Димитриевски е единствениот голман кој не примил гол на пет натпревари во Лигата на Нации оваа сезона, и тоа сите едноподруго со серија од 531 минута без примен гол. Но, и покрај тоа, македонскиот голман и единствениот чувар на мрежата кој има асистенција, онаа за погодокот на Лирим Ќамили во победата од 0-3 на гостувањето против Летонија во Рига.

Македонија, Лигата на Нациите ја заврши со гол разлика од 10-1, притоа без ниту еден примен гол од игра. Единствениот гол кој го прими националниот тим беше од сомнителен пенал уште во 9. минута на натпреварот против Фарските острови во Торшавн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button