СВЕТ

Откако САД, Италија, Шпанија и Грција ги затворија своите амбасади во Киев

Италија, Шпанија и Грција денеска ги затворија своите амбасади во Киев поради американските информации за можен руски напад со беспилотни летала и проектили врз главниот град на Украина во текот на денот, јави украинската државна телевизија Суспилна.

Advertisements

Како што се наведува, украинските разузнавачи укажуваат на можен руски комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, а не се смета дека потенцијалниот напад е поврзан со вчерашната промена на руската нуклеарна доктрина, пишува Гардијан.

Претходно утринава, САД привремено ја затворија својата амбасада во Киев поради „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад“ во текот на денот, соопшти Стејт департментот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button