МАКЕДОНИЈА

Мицкоски не очекува никакви тензии во земјава по пораките кои доаѓаат од лидерот на ДУИ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски не очекува никакви тензии по пораките и изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој на новинарското прашање за дали очекува тензии, кусо одговори „не, не очекувам“.

Advertisements

Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ДУИ, Ахмети за Законот за јазици, а кој бара да интервенира и Влада од соседството, премиерот Мицкоски ја оквалификуваше како „шокантна“.

-Да интервенира кај уставните судии кој тој ги избрал, да бидам попрецизен, да интервенира Владата на Косово на уставните судии коишто тој заедно со СДСМ ги избрале. Шокантно, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button