Мицкоски: Албанскиот не е загрозен, Уставен постапува по неспроведливите одредби

Премиерот Христијан Мицкоски продолжува да го брани ставот дека без разлика дали Уставниот суд оспорува три члена од Законот за употреба на јазиците, албанскиот јазик не е засегнат. Во интервју за „Радио Телевизија на Косово“, Мицкоски вели дека Уставниот суд постапува по членови кои се резултат на политички мускули, а не резултат на анализа и можност за имплементација.
Мицкоски откри детали од писмото упатено до него од првиот човек на ДУИ пред извесно време. Според него, Ахмети побарал Мицкоски да им каже на уставните судии да не постапуваат по иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците.
Запрашан за коруптивни афери и истражни процеси, според Мицкоски, јавноста наскоро ќе ја дознае вистинската мисија на експонентите од претходниот владин состав.