КОШАРКАСПОРТ

Финалните 12 се избрани, отпадна Марин Петков

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот го игра третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Advertisements

Првиот од двата меча се игра во Скопје, а македонската репрезентација ќе биде драстично ослабена со неиграњето на најдобрите кошаркари. Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс имаат натпревари во Евролигата, Итан Хап е повреден, а Андреј Јакимовски настапува во НЦАА и не доби дозвола да настапува за националниот тим.

Селекторот Александар Јончевски се соочи со големи проблеми и немаше многу простор за калкулации пред денешниот натпревар. Финалните 12 се веќе избрани, а од оние кои ги поминаа мини-подготовките отпадна Марин Петков. Во надеж дека ќе им се спротивставии на високите играчи од литванската репрезентација, предност доби Страхил Николов од ТФТ.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ:
Стојан Ѓуроски
Дамјан Робев
Виктор Ефремовски
Дамјан Стојановски
Војдан Стојановски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Лејсон Зеќири
Страхил Николов
Бобан Стајиќ
Адем Мекиќ
Кристијан Николов

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button