МАКЕДОНИЈА

Силниот ветер откорна дрвја, гранки и бандера во Куманово

Екипите на „Чистота и Зеленило“, утрово ги отстрануваа паднатите дрвја и гранки во урбаното градско подрачје во Куманово. Силен ветер го зафати подрачјето на Куманово после полноќ.

Advertisements

Вчерашниот силен ветер кој го зафати подрачјето на Куманово во вечерните часови, предизвика оштетување на дел од високата вегетација, екипите интервенираа на расчистување на паднати дрвја и гранки, соопштија од ЈП „Чистота и Зеленило“.

И екипите на територијалната противпожарна единица интервенирале на паднати дрвја, гранки и бандера на булеварот „Октомвриска револуција“, во населбата „Карпош“, „Бранко Богдански Гуцман“.

Пожарникарите гаселе пожар на опожарена сува трева во два наврати и во Долно Којнаре.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button