СВЕТ

Русија, наводно, истрелала интерконтинентална балистичка ракета во Украина

Русија изврши голем ракетен напад врз Украина рано на 21 ноември, што предизвика штета во најмалку два региони, објавија украинските воздухопловни сили и регионалните лидери, а целата земја беше во состојба на готовност за воздушен напад неколку часа.

Advertisements

Рускиот напад, кој вклучуваше употреба на интерконтинентална балистичка ракета, доаѓа само неколку дена по извештаите дека Украина користела британски ракети „Сенка на бурата“ и системите АТАКМС произведени од САД за да нападне воени цели длабоко во Русија по долго бараното одобрение од претседателот Џо Бајден.

Главната цел на рускиот напад бил југоисточниот регион Дњепропетровск, најважниот индустриски регион во Украина, и главниот град Днипро.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во разговор со новинарите, одби да коментира, јави Си-Ен-Ен.

„Тоа е прашање за нашата војска“, рече тој.

Во меѓувреме, агенцијата „Скај Њуз“, повикувајќи се на експертски коментар, наведува дека истреланите проектили е бесмислено да се интерконтинентални, бидејќи од местото на нивното лансирање, до целта имало само 800 километри, додека интерконтиненталните ракетаи се користат за цели одалечени  најмалку 5.500 километри од местото на лансирање.

„Малку е веројатно, но не е невозможно“, навел изворот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button