КОШАРКАСПОРТ

Продолжувaат проблемите за Филаделфија, се повреди и Пол Џорџ

Филаделфија не може да фати здив на почетокот на новата НБА сезона. Тимот е на дното на табелата со скор од само две победи и 11 порази, а натпреварот против Мемфис донесе и нов малер откако се повреди Пол Џорџ.

Advertisements

Ѕвездата која ја засили Филаделфија изминатото лето во текот на третата четвртина во обид да фати скок во одбрана имаше лош доскок по кој предвреме го заврши натпреварот и се упати во соблекувалната.

Првичните информации не се воопшто добри. Станува збор за обновување на повредата на левото колено кое го мачеше и во претсезоната. И покрај тоа што во франшизата се оптимистични дека не станува збор за тешка повреда, голема е веројатноста дека ќе отсуствува од терените подолго време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button