СПОРТ

Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис Купот, а најзаслужен за тоа беше првиот тенисер во светот, Јаник Синер.

Advertisements

Италијанците триумфираа со 2-1 во четвртфиналето во Малага против Аргентина. Најпрво поен за aргентинците освои Франциско Серундоло со победата против Лоренцо Музети (6-4 и 6-1), а потоа Синер го декласира Себастијан Баес со 6-2 и 6-1.

Патникот во полуфинале се решаваше со дуелот во двојки, каде што Синер повторно се појави на теренот, иако не требаше да игра на мечот, па заедно со Матео Беретини ги нокаутира Максимо Гонзалес и Андрес Молтени. Последниот дуел во четвртфиналето на Дејвис купот се игра меѓу Холандија и Германија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button