ВЕСТИСВЕТ

Пентагон: САД беа информирани од Москва кратко време пред лансирањето на балистичката ракета против Украина

Во Пентагон синоќа потврдија дека Русија лансирала експериментална балистичка ракета со среден дострел кон територијата на Украина и дека САД биле известени кратко време пред испалувањето на оружјето.

Advertisements

Според портпаролката Сабрина Синг, оружјето е модификација на руската интерконтинентална балистичка ракета РС-26 „Рубеж“ способна да носи нуклеарни боеви глави.

„Соединетите Американски Држави беа известени кратко време пред лансирањето преку каналите за намалување на нуклеарниот ризик. Ова е нов тип на смртоносен капацитет ставен во употреба на бојното поле. Дефинитивно тое предизвикува загриженост“, изјави таа, посочувајќи дека оваа ракета со среден дострел е способна да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави.

Според достапните информации, ракетата „Орешник“, како што ја опиша вчера во своето обраќања до јавноста рускиот претседател Владимир Путин, удрила на одбранбено-индустрискиот комплекс во градот Днипро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button