ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ стои зад вчерашната тепачка во Собранието и бараат од пратениците на Левица

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ стои зад вчерашната тепачка во Собранието и бараат од пратениците на Левица

Вчерашниот инцидент меѓу Димитар Апасиев од Левица и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ може да биде следниот што ќе помине без последици за сторителите. Од Левица велат дека Апасиев бил испровоциран од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се оградуваат од однесувањето на нивниот лидер.

Advertisements

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и Филипче дека стојат зад инцидентот кои го користат Апасиев за да си го зголемат рејтингот. Од оваа партија порачаа дека Апасиев треба да се извини за навредите.

Вчера, пратениците на Левица при прашањата на пратениците се обидоа да му постават прашање на премиерот, без да го најават. Кога почна дебатата за тоа што предвидува Деловникот во овие случаи, ситуацијата стана тензична. Тепачката која првично беше вербална, прерасна во физичка пресметка./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button