Правата на заедниците и познавањето на македонскиот јазик, на расправата за буџетот во собраниската комисија
Правата на заедниците и познавањето на македонскиот јазик, на расправата за буџетот во собраниската комисија

Расправата во собраниската комисија за буџетот за следната година се претвори во расправа за теми кои немаат врска со парите планирани во државната каса. Пратениците зборуваа за правата на заедниците, особено на Турците, знаењето на македонскиот јазик и други политички судири. Пратеникот Сали Мурат се пожали дека македонските судии не ги признаваат традициите на верско венчавање со имами и мираз.
„Застапеноста на заедниците, особено турската заедница не надминува 1,2 или 1,3%. Со 4% учество, имаме само 1,3% во Министерството за правда. Стручните соработници не надминуваат 1,5%. Во правната администрација имаме 1,7% и имаме проблем, преведувачи и толкувачи, нема речиси во ниедна институција во правосудните органи„, рече Сали Мурат – Европски фронт.
Пратеникот Беџети рече дека нема ништо лошо ако некој граѓанин не знае македонски. Ласовска му одговори на Беџети дека е важен стандардот како во Арачиново, така и во Радовиш, а не како што рече, крадењето на ДУИ.
„Ако мислите дека со надмоќ со интонирање на гласот со извичник или без извичник. Добро е да го знаат сите, нема ништо лошо, но и да не го знаат не е големо зло. Тоа е право и слобода на секој граѓанин. Не е крај на светот ако не зборувате македонски„, рече Блерим Беџети – ДУИ.
Дебатата потоа продолжи со другите амандмани поднесени од Сали Мурат, но сите еден по еден беа одбиени од пратениците во комисијата./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу