Јавниот превоз во главниот град ги скара власта и опозицијата
Јавниот превоз во главниот град ги скара власта и опозицијата

За хаосот со јавниот превоз опозициските партии ја обвинуваат власта, а власта ја обвинува опозицијата. Според СДСМ, виновни се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како штон велат дека токму тие ја промовирале Арсовска како добар менаџер.
Граѓаните на Скопје се жртви на нивната некомпетентност и меѓусебни судири. Истиот Мицкоски кој ветуваше модерно Скопје и бесплатен јавен превоз со најголемата менаџеррка, го слушаме со нови најави за автобуси. Ова е толку многу игра со граѓаните, толку омаловажување на интелигенцијата на Скопјани, еднакво на дрскост.
За коалицијата ВЛЕН, проблемот лежи во лошото управување на Град Скопје. Дритон Сулејмани истакна дека Владата сака да помогне, но за тоа ја обвинуваат ДУИ, за која велат дека е во коалиција со Данела Арсовска.
Поради недостиг на автобуси во јавен превоз, вчера жителите на Шуто Оризари протестираа пред Градот Скопје. Тие побараа решение и оставка од Арсовска./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу