ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Младите и понатаму користат пиртехнички средства, иако ги знаат последиците од нивна употреба

Младите и понатаму користат пиртехнички средства, иако ги знаат последиците од нивна употреба

Пиротехничките средства и понатаму наоѓаат огромна примена особено од помладата популација.

Advertisements

Употребата на пиротехнички експлозивни средства е строго забранета бидејќи може да биде исклучително опасна по животот и здравјето.

Младите луѓе прашани дали ги знаат последиците од користењето пиротехника рекоа дека се информирани за последиците, додека постарите луѓе сметаат дека употребата на петарди треба да биде целосно забранета.

Од МВР велат дека постојано прават кампањи да ги информираат особено младите за последиците кои може да ги донесе употребата на пиротехнички експлозивни средства, но единствен начин на заштита е совеста.

Казните за корисниците на пиротехнички средства се движат од 200 до 500 евра. Согласно законот, за нелегалните продавачи е предвидена и затворска казна./Алсат.мк

Авни Тахири

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button