ВЕСТИ

Рекордна сума од Буџетот за капитални инвестиции

Рекордна сума од Буџетот за капитални инвестиции

До крајот на 2025 година, Владата планира да потроши рекордна сума од 823 милиони евра за капитални проекти. Планот на Владата првично изгледа многу амбициозен со оглед на тоа што од овогодинешниот буџет се реализирани само 40,6% од капиталните проекти или вкупно 295 милиони евра, иако за оваа намена беа предвидени 790 милиони евра. Сепак, иако недостигаат на човечки кадар, следната година може да очекуваме поголема реализација на капиталните проекти, бидејќи е изборна година, вели за Алсат универзитетскиот професор Бујамин Бела.

Advertisements

„Тоа бара посебна посветеност на целиот процес бидејќи секоја алка на овој процес ја претставува позитивната синергија што може да ја даде кон реализација. Од оваа гледна точка, гледаме и од Заводот за ревизија на капитални инвестиции што се однесува на нашата држава, проблемите се во отсуство на центар за управување со капитални проекти што ќе го зголеми интензитетот на следење и повратни информации за точките кои ќе биде проблематични да се реализираат“, рече Бујамин Бела – универзитетски професор.
Бела ги спомена приоритетите на инвестициите во албанските населби.

„Да им помогнат на градинките, на училиштата кои беа во програмата колку што видов. Болницата во Кичево, што е во фокус на изградба. Коридорот кој, особено, минува низ албанскиот дел, кој е врска со Албанија. Од друга страна, се зборува да се отвори и делот од тунелот, односно врската со Призрен.
Иако Владата првично ги планира парите за училишта, болници, водовод, инфраструктура и други слични проекти, на крајот секогаш се распределуваат за други потреби како плати, пензии или субвенции„, додаде Бујамин Бела – универзитетски професор.

Минатата година, Агенцијата за национална безбедност, иако располагала со 1,5 милиони евра, потрошила само 1.700 евра. Управата за извршување санкции од 3 милиони евра на располагање потрошила само 25 илјади евра. Институциите како ДИК или Санитарниот здравствен инспекторат не потрошиле ниту денар./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button