ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово/ „Фантом“ граѓаните почнаа да добиваат лични документи

Тетово/ „Фантом“ граѓаните почнаа да добиваат лични документи

На голем број жители од ромската заедница во градот Тетово, кои беа „фантом“ лица за институциите, почнаа да добиваат матични броеви и лични документи. Маалото со најмногу „фантон“ лица за институциите е онаа позната како населбата на Красниќи, но според Шефкете Хамза, раководителка на единицата за реализација на проекти за Роми во Тетово, оваа бројка постојано се намалува.

Advertisements

„…16 лица веќе имаат лична карта, а десет лица се во постапка. Луѓето кои немаат документи најчесто се од Косово, но кога сме на терен се жалат дека се тука 30 години и немаат документи. Таквите лица треба да бидат идентификувани во СВР за странци, да добијат потврда за странски лица, а седум последователни години да бидат активни жители овде за да добијат лични карти, но често не успеваат затоа што се преселуваат во други општини“, рече Шефкете Хамза, раководител на проектантската единица за реализација на проекти за Ромите во Тетово.

Покрај тоа што се без документи, најголем дел од жителите на овој крај живеат во импровизирани куќички, додека социјалните станови што им беа ветени, повеќе од две децении се уште ги нема. Првиот човек на општина Тетово Билал Касами рече дека следната година ветува дека ќе започне изградбата на колективните станови за оваа населба“.

„Како општина Тетово имаме проектантска единица за Роми и други малцинства во општината кои аплицирале за неколку проекти финансирани од УСАИД и аплицирале и за подобрување на инфраструктурата во некои населби со мнозинство Роми, но наше барање беше да ни се овозможи да го составиме генералниот план и да го смениме деталниот план, а во 2025 година ќе работиме на урбанизирање на тој дел и заедно со Министерството за социјала и транспорт ќе аплицираме за изградба на социјални станови“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Жителите на ромската заедница кои живеат во оваа населба, итно бараат санирање на патот, канализација и отстранување на отпадот од коритото.

„Донесете ни контејнери за отпад, да не ги фрлаат во река. Ни треба канализација, за чистење, подобро е да има чистота, да не се фрла отпад во реката. Нека ни се среди патот“, рече еден жител.

„Мора да се санира патот, да ни се донесат контејнери, да се исчисти реката, има многу отпад. Не сакаме да фрламе, но нема контејнери“, додаде друг жител.

Од проектантската единица за составување на проекти за Ромите во Тетово, велат дека е потребна интервенција и на некои други населби, кои исто така се во мизерна состојба, но имаат проект за регулирање на потребите на оваа заедница./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button