Дебелината зазема алармантни размери, особено кај децата и младите
Дебелината зазема алармантни размери, особено кај децата и младите

Над 50 отсто од населението во земјата е со прекумерна тежина, додека во последните години оваа појава најмногу се шири кај децата и тинејџерите. Причините за тоа се брзата храна и недостатокот на физички активности.
„Во моментот кога насилно ги храниме децата, особено кога имаме впечаток дека детето нема доволно тежина, тоа влијае на центарот за ситост во мозокот и потоа со текот на времето овие деца не успеваат да го контролираат чувството на ситост и моментот кога консумираме храна откако ќе се заситиме, тогаш тоа води до прекумерна тежина“, рече Валбона Кадриу, диетолог.
Диетолозите велат дека покрај дебелината, брзата храна може да предизвика и други сериозни болести.
„Знаеме дека, за жал, овие објекти се поставуваат околу училишните објекти или продажбата на готови производи, на преработени производи, кои немаат никаква хранлива вредност, немаат никаква корист за организмот на децата, освен што содржат штетни материи, кои со текот на времето предизвикуваат разни болести освен дебелина и хипертензија, разни кардиоваскуларни заболувања, канцерогени заболувања“, додаде Валбона Кадриу.
Анкетираните граѓани од Алсат велат дека се свесни за последиците, но не секој го има луксузот да се храни здраво.
„Колку што можеме. Колку што ни дозволува стандардот, тоа е минимално“, рече еден граѓанин.
Се препорачува граѓаните да консумираат повеќе термички необработена храна и производи кои не се третирани со пестициди./Алсат.мк
Линда Ебиби