ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Скоро 70% од жените во земјава се соочиле со онлајн насилство
Скоро 70% од жените во земјава се соочиле со онлајн насилство

Секој ден се зголемува бројот на жени жртви на насилство во различни форми. Покрај психичкото и физичкото насилство, загрижувачки е и бројот на случаи на онлајн или дигитално насилство кои во најголем број случаи младите сè уште не го препознаваат како проблем. Податоците од истражувањето спроведено во три средни училишта покажуваат дека 70% од испитаниците биле жртви на онлајн насилство.
Претседателката Гордан Силјановска Давкова рече дека статистиката за насилството врз жените е шокантна. Според неа, проблемот е планетарен и како таков треба да се третира.
Овие податоци беа презентирани на настан организиран од ОБСЕ против насилството врз жените. Настанот беше дел од 16-дневниот активизам против родовото насилство./Алсат.мк
Мелихате Рустеми