МАКЕДОНИЈА
Малолетници со дрога уапсени на Бит Пазар

Полицијата вчера попладне уапси двајца малолетници на Бит Пазар.
– На 24.11.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена дробилка со марихуана, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.