ФЗО: Граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки пишувани во име на Фондот
ФЗО: Граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки пишувани во име на Фондот

Граѓаните продолжуваат да бидат цел на измами. Овој пат добиле лажни пораки преку е-пошта наводно од Фондот за здравствено осигурување. Во лажните пораки, на граѓаните им се укажува дека системот за управување со трансакциите на Фондот, ги препознава дека треба да добијат исплата за обесштетување, но дека треба да кликнат на одреден линк. Реагираат од фондот.
„Фондот ги советува граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни пораки, со цел да не ги злоупотребуваат своите лични податоци и трансакциски сметки, и доколку имаат можност да пријават во Службата за компјутерски криминал при МВР.
Фондот веќе го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи“, велат од Фондот за здравствено осигурување .
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, рече дека во вакви случаи е потребна поголема свест, бидејќи всушност, ваквите пораки не доаѓаат како резултат на интервенција на серверите на која било институција, туку измамниците само се претставуваат како да се од оваа институција. Сепак, тој не ја исклучи можноста од сајбер напади, нагласувајќи дека опасноста е присутна и ќе постои во иднина.
Владата подготвува сајбер стратегија, а во исто време работи на текстот на првиот закон за сајбер безбедност во земјата./Алсат.мк
Ајнур Бафќари