Од денеска приватните превозници се вратија во сообраќај
Од денеска приватните превозници се вратија во сообраќај

Од денеска јавниот превоз во градот Скопје е нормализиран, на автобуските станици нема толку многу граѓани како што бевме навикнати да гледаме во изминатите денови. Од денеска и приватните превозници се вратија и работат нормално, но колку ќе трае тоа, ќе видиме во наредните денови.
Граѓаните се надеваат дека ова е денот кога почнува нормализацијата со јавниот превоз во Скопје, но се уште не се знае до кога тоа ќе трае ваквата ситуација.
Според приватните превозници кои од денеска се вратија во сообраќај, ќе го чекаат последниот збор од Советот на град Скопје за тоа што ќе се одлучи околу зголемувањето на исплатата по километар.
„Како израз на добра волја кон граѓаните да не смрзнат овие студени денови, решивме да се вратиме и да им служиме на граѓаните. Не сме со полн капацитет поради финансиската состојба, но сме активирани колку што можеме. Колку долго ќе трае сето ова? Што чекате? Се надеваме на следната седница што ќе се одржи на 27 ноември, се надеваме и апелираме до советниците да ја разберат нашата состојба и да најдат решение“, рече Хисен Халили– приватен превозник.
Транспортот во градот Скопје беше нормализиран откако беше овозможено ЈСП да добива гориво од нафтените резерви на Владата, до склучување на новиот договор со добавувачот. Приватните превозници од денеска се враќаат на улиците, но се уште чекаат зголемување на исплатата по километар и одлуката што ќе биде донесена на следната седница на Советот на Град Скопје./Алсат.мк
Авни Тахири