ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина ја поништи дозволата за изградба на асфалтната база во Визбегово

Министерството за животна средина ја поништи дозволата за изградба на асфалтната база во Визбегово

Секојдневните протести на претприемачите од индустриската зона во Визбегово се исплатеа. Асфалтната база во Визбегово нема да се гради. Ова, како што најави министерот за животна средина Изет Меџити, претставува висок ризик за здравјето на жителите и бизнисите. Градежната дозвола на компанијата е поништена и истата ќе мора да се дислоцира.

Advertisements

„Ние му помагаме на бизнисот, ние сме про-бизнис, но не и кога тоа е штетно за природата и здравјето на граѓанинот. Затоа, донесовме одлука да ја поништиме дозволата што претходно му беше доделена на Министерството за екологија од претходната Влада“, рече Изет Меџити – министер за животна средина.

За бизнисите во Визбегово, овој чин претставува зголемување на довербата кон државните институции.

Асфалтната база всушност не е единствениот проблем за индустриската зона во Визбегово. Нивното главно барање е изградбата на новиот пат и пристапните патишта до Индустриската зона./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button