СПОРТФУДБАЛ

Симоне Инзаги: Лајпциг е тим што може да победи секого

Тренерот на италијанскиот Интер, Симоне Инзаги, изјави дека противникот не е воопшто наивен, предупредувајќи ги своите играчи на максимална посветеност на теренот.  Германскиот тим досега забележа четири порази во елитното натпреварување, но Инзаги е убеден дека тоа не значи ништо и рече дека Лајпциг е тим што може да победи секого.

Advertisements

„Тие настапуваат во Лигата на Шампионите шест години во низа. Овој податок не е за занемарување, Лајпциг воопшто не е наивен тим. Пропуштија шанса за бодови на претходните натпревари, но тоа не значи дека ние сме изразити фаворити.

Играме во жесток ритам и со густ распоред. Мораме да внимаваме на сите сегменти од играта, за тоа што ривалот може многу лесно да ги казни нашите грешки. Лајпциг е екипа која може да победи секого, затоа ги предупредив моите играчи да не помислуваат дека задачата ќе биде лесна.

Уште го немам одредено составот за мечот, морам да размислам. Треба да внимаваме на оние кои не се целосно подготвени и да дозираме минутажа кај одредени играчи. Можеби ќе има и некое изненадување“, изјави Инзаги.

Интер во моментов има три победи и едно реми, со огромни шанси за директен пласман во следната рунда. „Нероаѕурите“ важат за фаворити во овој натпревар, но таа улога ќе мораат да ја докажат на теренот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button