МАКЕДОНИЈА

Делегацијата на ЕУ донираше шест екоавобуси за ЈСП

Шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас од денеска се дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Автобусите се донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“.

На примопредавањето на автобусите се обрати евроамабсадорот Михалис Рокас, велејќи дека тие ќе придонесат за намалување на загадениот воздух бидејќи, како што рече, тоа е еколошки проблем кој се јавува по почетокот на грејната сезона и со години наназад го зема данокот врз здравјето на граѓаните.

Advertisements

„Транспортот е причина за големото количество емисии на јаглерод диоксид којшто го испуштаме во атмосферата. На овој начин овозможуваме граѓаните да можат да го користат јавниот превоз, наместо поединечни возила. Мора да го направиме јавниот транспорт колку може помалку да загадува“, рече, меѓу другото, евроамабасадорот Рокас.

Во рамки на проектот, како што додаде, освен Скопје, се опфатени и Битола, Куманово и Тетово, односно градовите кои се соочуваат со зголемено аерозагадување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button