Во време кога главниот град се соочува со хаос во јавниот превоз, пристигнаа 6 еколошки автобуси, донација од ЕУ
Во време кога главниот град се соочува со хаос во јавниот превоз, пристигнаа 6 еколошки автобуси, донација од ЕУ

Шест EKO автобуси, донација од ЕУ пристигнаа во гаражите на ЈСП. Проектот, според амбасадорот на ЕУ во Скопје, Микалис Рокас, е вреден 10 милиони евра. Рокас рече дека проектот ќе опфати неколку градови, меѓу кои и Битола, Куманово и Тетово, региони кои се соочуваат со високо загадување на воздухот.
„Ова е навистина сериозен проблем што почнуваме да го чувствуваме веднаш со почетокот на грејната сезона. Овој проблем со години влијае на здравјето на населението. Во овој проект се вклучени градовите Битола, Куманово, Скопје и Тетово кои се меѓу градовите кои се најпогодени од загадувањето на воздухот. Обезбедувајќи ги овие 6 автобуси, целта на ЕУ е да им даде приоритет на потребите на граѓаните“, рече Микалис Рокас, амбасадор на ЕУ.
„Со збогатувањето на возниот парк на ЈСП во Скопје ги подобруваме условите за користење на јавниот превоз од страна на граѓаните. Би сакал да изразам благодарност до ЕУ и УНОПС за поддршката во нашата заедничка борба за чист воздух, кој е проблем не само во нашата земја туку и во регионот, ЕУ и пошироко. Тој не познава граници и мора да дејствуваме заедно. Исто така, како Влада ја разгледуваме можноста за набавка на 100-120 електрични автобуси “, рече Изет Меџити, министер за Екологија.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рече дека денешниот настан е доказ дека градската администрација, кога не е блокирана од никого, е способна да спроведе се што е корисно и за Скопје и за Македонија.
Секој од зелените автобуси има капацитет за 98 лица, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби. Проектот за еко автобуси се реализира во време кога покрај големата загаденост на воздухот, градот Скопје се соочува и со хаос во јавниот превоз поради немањето автобуси./Алсат.мк
Мелихате Рустеми