Денеска се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје

Денеска се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес кој треба да даде одговор на прашањето зошто е убиено девојчето и кој стои зад злосторството што ја вознемири јавноста.
Првообвинет за убиството и киднапирањето е Љупчо Палевски Палчо, додека на обвинителна клупа се и Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видоевски, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.
Според обвинението, Вања била киднапирана на 27 ноември 2023 година од влезот на нејзината зграда, а потоа убиена.
Во обвинението е наведено дека на 27 НОЕМВРИ ЛАНИ, обвинетиот, потпомогнат од родителот на Вања, го киднапирал девојчето на влезот од зградата во која живеела Вања. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано Дупки, во атарот на селото Бразда и таму на свиреп начин и намерно и’ го одзеле животот.
Обдукцијата покажала дека Вања има рана на десната хемисфера на мозокот и канал од огнено оружје од 34 сантиметри кој се протега од вратот до четвртиот пршлен.
Обвинителите пред два дена соопштија дека имаат материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е автор на убиството на малолетната Вања и Велешанецот Панче Жежовски.