СПОРТФУДБАЛ

Робертсон: На нашиот голман му беше здодевно… и му најдов работа!

Одлично е расположението во таборот на Ливерпул по најновата победа во ЛШ, откако со триумфот над европскиот првак Реал Мадрид „црвените“ останаа единствен тим со перефктен скор во елитното европско натпреварување.

Advertisements

Левиот бек Енди Робертсон направи прекршок за пенал во второто полувреме при водство од 1-0, но голманот Келехер го спаси бранејќи го ударот од белата точка на Килијан Мбапе.

„Тоа беше минимален контакт… ја оставив ногата малку понапред од вообичаено, го допрев и тој падна… Штом се случи судијата да покаже на белата точка знаев дека ВАР нема да реагира бидејќи имаше контакт, колку и да беше мал. Видете… на нашиот голман му беше здодевно, па си реков – ајде да му најдам работа. Тој одговори на предизвикот, го запре пеналот на Мбапе, сите сме среќни поради тоа“, се пошегува шкотскиот интернационалец во дресот на Ливерпул.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button